Доцна синоќа во населбата аеродром во сообраќајна несреќа загина 24-годишно момче од Скопје.
Според информациите од МВР, загинатиот возел мотор и се судрил со автомобил „ауди 3“ на крстосница на бул.„Јане Сандански“.
„На местото на незгодата починал мотоциклистот Д.А., а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош. Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ и во Градска општа болница. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“.
