Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ избра и 10 други кандидати за градоначалници во Македонија за претстојните локални избори. Според извори на „Скопје1“ дел од нив се актуелниот градоначалник Митко Јанчев за Кавадарци, за Општина Дебрца ќе е Сашо Николоски, во Кратово поддршка ќе добие кандидатот на Социјалистичката партија на Македонија. За Ново село е избран Ѓорги Божинов, а во Василево кандидат е претседателот на тамошниот општински комитет Славе Андонов.
Иако новинарите инсистираа, лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски не кажа кои се останатите кандидати, ниту ги потврди кандидати за овие општини. Тој кажа дека за помалку од 24 часа на прес-конференција јавно ќе бидат објавени сите преостанати имиња на кандидати кои се потврдени, заедно со нивните биографии.
Засега е познато дека ВМРО-ДПМНЕ застана зад независната кандидатура на Данела Арсовска, која до партијата доставила и програма за работа. И ова е со одлука на Извршниот комитет на партијата. Според Мицкоски, Арсовска ќе ги обедини сите, бидејќи е натпартски човек, докажана личност.