Магазин

Аца Лукас за кавгата со Ивана Селаков: И помогнав да направи кариера и еве како ми врати!

Најновата дуетска песна на Аца Лукас и Ивана Селаков е избришана од „Јутуб“ поради прекин на нивната соработка.

Имено, Ивана го обвини Аца дека материјално и морално ја измамил, а сега продуцентот на пејачот тврди дека Селаков останала должна дури 21 000 евра.

По тој повод, сега се огласи и Лукас.

Бев шокиран кога дознав. Толку многу успешни работи направиме досега. Досега не сакав да коментирам, но беше договорено заедно да ја отпееме дуетската песна. Тоа е моја стара песна, од мојот прв албум. Дојдоа таа и нејзиниот сопруг, големиот менаџер Пеѓа, сопруг од пејачката, кој официјално и ги носи куферите и ми кажаа дека ќе направат аражман за таа песна. Повеќе ништо не договарав со нив. Така беше и со претходните дуети. Јас и бев помош како голема ѕвезда, таа беше мој придружен вокал. Сега зборува дека таа се финансирала, а да ме прашеше јас да учествувам, ќе одбиев бидејќи мене во животот не ми е потребна Ивана Селаков.

Лукас одговори и на обвинувањата дека материјално и морално ја измамил Ивана.

Не знам кој кого измамил, јас само дојдов и ја отпеав таа песна и апсолутно не се договарав ништо.Имам продуцент кој се договараше со нив. Никој не ги измами. Изгледа се побуниле затоа што мојата песна е ставена и на мојот Јутуб канал. Веројатно сакале без пари да имаат дует со Аца Лукас, затоа што освен оние три песни кои ги снимаше со мене и дуетот со покојниот Дарко Радовановиќ не работат ништо друго“, вели пејачот.

На почеток