Финалниот меч на ЕУРО2020 меѓу Италија и Англија на „Вембли“ го гледале 328 милиони луѓе, соопштија денеска од Европската куќа на фудбалот (УЕФА).
„Сите неверојатни бројки покажуваат дека интересот бил огромен не само во Европа, туку и низ целиот свет“, објавија од УЕФА.
УЕФА се пофали дека вкупно 7,5 милијарди интеракции имало на социјалните мрежи, како Фејсбук, Твитер, Инстаграм и партнерот за првенството, ултрапопуларниот Тик-Ток.