Магазин

Apple и Google мора да отстранат апликација направена од соработниците на Навални

Руските власти ги предупредија Епл и Гугл дека ќе бидат казнети доколку од нивните онлајн продавници не ја отстранат апликацијата што ја направиле соработниците на приведениот опозиционер Алексеј Навални.

Надзорниот орган на Русија, Роскомнадзор, објави дека, доколку не се отстрани, тој потег ќе го протолкува како мешање во изборите во Русија.

Апликацијата ја промовираше „Стратегијата за паметно гласање“ (Smart Voting strategy), проект дизајниран за поддршка на опозициските кандидати.

Поддржувачите на руската опозиција, независните медиуми и невладините организации се под зголемен притисок пред парламентарните избори во Русија на 19 септември, а критичарите сметаат дека овој потег е обид да се одржи доминантното мнозинство на владејачката Единствена Русија.

На почеток