Магазин

(ФОТО) Се фалеше со автомобилот кој ја менува табличката, па полицијата му го одзеде

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „Ауди“ со белградски ознаки ја менува регистрацијата.

По „демонстрацијата“ на маневрот кој со само еден клик на далечински управувач ги менува регистарските таблички, возилото беше запленето.

Видеото, кое потоа беше повлечено од социјалните мрежи, ја покажува табличката на која пишува „BG PABLO“, а кога не работи се претвора во натпис „не може“.

Бидејќи полицијата започна акција за контрола на насилното возење што се шири на социјалните мрежи во последните недели, го пронајде и сопственикот на „Пабло“, па, според медиумите, возилото е привремено одземено за преглед и вештачење.

На почеток