Актерката Шенон Доерти, најпозната по улогата на Бренда во „Беверли Хилс“ но и во „Волшебнички“ како Пруденс, минатата година во февруари откри дека повторно има канцер.
Според најновите информации, болеста сега напредува и е во терминална фаза. Неодамна, таа сподели и објава на Инстаграм која ги вознемири нејзините следбеници.
„Дали некогаш сте почувствувале дека имате толку многу да кажете, а знаете дека нема да можете?“, напиша актерката која, според блиски извори, секој ден е се полошо.
Лошата вест ја потврди и извор близок до актерката, кој наведува дека Шенон е „подготвена да си замине“ и дека не се плаши од смртта.
„Човек се уморува од борба со ветерници. Така и се смачи да се бори со канцерот. Иако не се откажува, свесна е дека нејзиното заминување е близу бидејќи наодите се доста лоши и воопшто не ветуваат“, рекол пријател на семејството.