Свет

Синот на Гадафи по седум години излезе од затвор

Либиските власти го ослободија Сади Гадафи, син на поранешниот лидер Моамер Гадафи, кој беше соборен и убиен за време на бунтот во 2011 година, изјави вчера официјален либиски извор и извор од владата на национално единство.

Сади Гадафи избега во Нигер за време на бунтот, но беше екстрадиран во Либија во 2014 година и оттогаш е затворен во Триполи, објави „Ројтерс“.

Тој веднаш полета за Истанбул, изјави официјален извор.

Неговото ослободување е резултат на преговорите во кои учествуваа високи племенски личности и премиерот Абдулхамид Дебибех, додаде официјален извор. Друг извор рекол дека во преговорите бил вклучен и поранешниот министер за внатрешни работи Фати Башага.

Познато беше дека Сади Гадафи живеел како плејбој додека неговиот татко бил на власт, тој исто така бил професионален фудбалер.

На почеток