Актуелно

Христијан Мицкоски упати повик за масовно попишување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати порака до македонските граѓани масовно да се попишат и да не го бојкотираат овој процес.

На граѓаните им порача да излезат на пописот и да не ги слушаат, како што вели, антмакедонските елементи на македонската политичка сцена сакаат да внесат раздор.

„Мојата порака е масовно да излезат граѓаните и да се попишат и мојата порака до македонскиот народ е да не ги слушаат и да не потклекнуваат на анационалните и антимакедонските елементи на македонската политичка сцена кои што во овој момент се обидуваат повторно да внесат раздор во македонското ткиво и помеѓу протесните гласови како што тоа го правеа за време на претседателските избори кога тогаш повикуваа на бојкот на тогашниот опозициски кандидат и практично ја продолжија кариерата на Зоран Заев и СДСМ, рече Мицкоски во синоќешното интервју на ТВ 24.

Лидерот на опозициската партија додаде дека очекува реални бројки од пописот и дека добро е тоа што резултатите од истиот ќе се споредат со пописот.

На почеток