Македонија

Што знаеме досега за запалената тетовска модуларна болница во која загинаа од 14 лица

Министерството за здравство тврди дека модуларните болници се безбедни…

Што значи ова или што знаеме досега?

– дека изведувач е фирмата Брако по нарачка на МЗ

– дека сè почнало при реанимација на пациент од експлозија на штекер.

– дека пожарот се раширил толку брзо што целата модуларна болница е пепел уште пред да стасаат екипи од Скопје

– дека внатре има придружба на пациенти од блиски и роднини, поради недостиг на персонал

– дека боците под притисок, како и кислородот се сојузници на огнот (што барале у тој објект од хартија?!)

– дека луѓето сами се спасувале, повторно поради недостиг на соодветна служба

– дека кризниот штаб прогласи три дена жалост на територијата на целата држава

– дека случајот ќе го испитува стручна, независна странска експертиза за оваа трагедија, пошто…

-досега нема оставки ниту политичка и морална одговорност

На почеток