Почина доктор Мирјана Петровска
Од
Објавено на
На 66-годишна возраст почина нашата почитуванa прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија.
„Прим. д-р Мирјана Петровска 16 години беше дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и „Мала Богородица“. Ќе остане запаметена по нејзината посветеност, придонес во анестезијата и интензивното лекување, професионалност и хуманост. Длабока почит од целиот менаџерски тим на КБ ,,Аџибадем Систина“ и сите вработени. Вечна ѝ слава, нека почива во мир!“, напишаа од „Аџибадем Систина“