Адвокатот на Палчо реагираше за презентираните снимки, според него во нив нема доказ за грабнување и убиство на Вања


Адвокатот Јовица Страшевски, кој е бранител на Љупчо Палевски-Палчо реагираше што во судот биле презентирани снимки од возилата „рену кангу“ и „цитроен“, без притоа, на дел од нив нив да се видат и потенцираат регистарските ознаки. Според него, снимките не докажуваат ништо.
„Освен во последните 17 видео записи каде што се гледат таблиците на ‘Реното кангу’, друго, Обвинителството денес со овој кривично правен настан не покажа. Самото назначување дека е тоа движење на ‘реното кангу’ по исчезнувањето на Вања не докажува ништо, бидејќи тоа е движење по скопските улици. Ниту за ‘цитроенот’ не беше докажано тоа што констатираше обвинителството. Чудно е од моето скромно искуство, како на секоја презентирана точка од страна на обвинителството судот помага во објаснување на видео записите“, рече адвокатот Страшевски.
Тој додаде: „Беше презентирно движење на возила без притоа не можеше да се види регистарска табличка. Движењето на ‘Цитроенот’ како што наведе ОЈО во ниту еден момент од неговото движење немаше покажано лица кои се во предметното возило, невозможно по убедувањето на ОЈО по пребарувањето на регистарските таблички на возилото да случи без да се гледаат табличките“.
