Македонија

Кешишев полнел бензин моментите пред Вања да биде убиена: снимки од критичните моменти и движењата на возилата се презентираат во суд

Снимки од критичните моменти на исчезнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и од деновите кога тие биле убиени, се презентираат во Кривичниот суд. Обвинителот на снимките го посочи Влатко Кешишев, кој според неговите кажувања, точел бензин на „Макпетрол“ кај Железничка, а во близина на седиштето на партијата „Десна“ чиј претседател беше сега обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Критичниот ден, кога Вања беше убиена, Кешишев бил со балон да наполни гориво. Според Обвинителството, истиот ден е запалено возилото „цитроен“, со кое била киднапирана Вања.

„На ова ЦД се констатирани снимки за тоа како обвинетиот Влатко Кешишев со празен балон пристигнува на бензинската станица „Макпетрол“ Транспортен Центар Скопје, во близина на политичката партија Десна за да наточи гориво бензин кој што го плаќа со 1000 денари во ќеш. На 27.11.2023 година, 05 часот 26 минути и 40 секунди. На истото се гледа како обвинетиот Влатко Кешишев доаѓа на бензинската пумпа со балон, голема пластично шише за да наточи гориво, а во 5 часот 30 минути и 15 секунди. Се гледа како Кешишев се враќа го зема балонот и заминува откако претходно влегува да плати на каса“, рече обвинителката.

Судот констатираше дека обвинетиот Кешишев е облечен во црна јакна и црна капа. Палевски го праша судијата како заклучиле дека човекот од видеото е Влатко Кешишев и бараше тоа да биде внесено во записник.

Потоа, се презентираа снимки од возилото „Рено Кангу“, кое според обвинението, го управувал Љупчо Палевски-Палчо.

„Видео запис на кое се гледа „Реното кангу“ во Центар и Аеродром, почнувајќи од Партијата Десна во правец на населбата Автокоманда Гази Баба.. Во 5,30 се забележува како пристигнува „Реното кангу“ пред политичката партија „Десна“ и потоа стои со запалените светла до 5:35 минути. Продолжува кон семафорот, се престројува лево но продолжува по булеварот Кузман Јосифовски Питу“, рече обвинителката.

Од видео запис се гледа дека во 5:36 минути „Рено кангу“ доаѓа до раскрсница во Аеродром. Видео запис 5:37 минути се гледа како возилото поминува на раскрсницата од Булевар „Јане Сандански со Васко Карагелевски и продолжува да се движи во насока кон хотел Русија.

Презентирана е и снимка од возилото „циторен“ со кое е киднапирана Вања, а направена од безбедносни камери на 24 ноември 2013 година, три дена пред девојчето да биде киднапирано и убиено.

„Од видео запис се гледа дека во 5:36 минути „Рено кангу“ доаѓа до раскрсница во Аеродром. Видео запис 5:37 минути се гледа како возилото поминува на раскрсницата од Булевар „Јане Сандански со Васко Карагелевски и продолжува да се движи во насока кон хотел Русија“, рече обвинителката.

Судењето е во тек.

На почеток