70-годишен неподвижен маж настрада во пожар во Сопиште. Како што информира полицијата, вчера, во 20:20 часот на улица 1 во скопското село Сопиште настанал пожар во куќа, по што опожарени биле две соби, a во една од собите било пронајдено телото на П.С.(70), кој подолг период бил неподвижен.
Починатиот живеел со својот син, кој во моментот на пожарот не бил дома. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Од страна на екипа на Противпожарна единица пожарот е изгаснат. Увид се врши во текот на денешниот ден.