Осомничениот се товари дека на 14.12.2018 година во семејната куќа во с. Волково, при семејна расправија, телесно го повредил сопствениот татко, така што започнал да го дави со раце на вратот. По ова, неговиот брат успеал да го оттргне, удирајќи го во пределот грбот. Обвинетиот паднал на земја, а откако станал зел нож и започнал да замавнува, при што го удрил таткото во раката, нанесувајќи му раздерна рана.
Надлежниот јавен обвинител до судот достави и Предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои реална опасност дека тој ќе се крие или ќе се даде во бегство, односно дека ќе го повтори делото кое му се става на товар или ќе стори ново кривично дело.