Цариниците заплениле 4.022 килограми кокаин во пристаништето во Ротердам, чија улична вредност е повеќе од 300 милиони евра, објавија денеска холандските власти.
Во соопштението се наведува дека дрогата била пронајдена во контејнер на брод од Суринам.
Државното обвинителство објави дека ова е најголемата количина на наркотици запленета во Ротердам досега.
Контејнерот бил наменет за компанија во Полска.