Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека Турција е важен партнер во решавањето на секој нов миграциски предизвик за Европа и дека и е потребна поддршка.
Според него, самата Европа не усогласила заедничка политика во решавањето на прашањето за мигрантите, објави Ројтерс.
Повеќе од милион бегалци и мигранти кои избегаа од конфликтот во Сирија и други земји влегоа во Европа преку Грција и Турција во 2015 година и почетокот на 2016 година, кога Сириза беше на власт во Грција.
Мицотакис, чија конзервативна Нова демократија дојде на власт во 2019 година со администрација која зазеде многу строг став кон неконтролираната миграција, ветува дека 2015 година нема да се повтори, наведува Ројтерс.
Тоа, како што рече, е општ консензус меѓу сите членки на ЕУ.