Свет

Се преврте автобус во БиХ, 16 лица се повредени

Шеснаесет лица се повредени, од кои четири сериозно, кога денеска се преврте автобус кај Горњи Вакуф во БиХ по контакт со автомобил.

– На локалниот пат во Пајиш поли, се случи сообраќајна незгода во која учествуваа патничко моторно возило „Фиат“ управувано од С.З. (1992) од Горњи Вакуф и автобус мерцедес управуван од А.Д. (1992) од Бугојно. Во оваа несреќа четворица патници се здобија со тешки и 12 полесни телесни повреди – изјави Хасан Хоџиќ, портпарол на Министерството за внатрешни работи на централниот босански кантон, пренесе Кликс.ба.

Тешко повредените се згрижени во болница, а сообраќајот на патот е прекинат.

Истрагата за несреќата ја извршија припадници на одделот за криминалистичка полиција од Бугојно.

На почеток