Свет

Франција ги отповика амбасадорите од САД и Австралија

Француските власти најавија дека ќе ги отповикаат своите амбасадори во САД и Австралија на консултации, во знак на протест против договорот што ја вклучува Велика Британија, пренесува Би -Би -Си.

Министерството за надворешни работи објави дека „принудната одлука“ е оправдана со сериозноста на пактот.

Како дел од договорот познат како Аукус, Австралија ќе добие технологија за изградба на подморници со нуклеарен погон.

Договорот, објавен во средата, го суспендираше повеќемилионскиот договор што Франција го потпиша со Австралија.

Францускиот министер за надворешни работи претходно го опиша пактот како „нож во грбот“.

На почеток