Едно лице загина, а петмина се повредени и пренесени во болница во тешка сообраќајна несреќа кај Видем во западна Словенија, во близина на границата со Италија.
До несреќата дошло кога патролата на словенечката полиција се обидела да запре возило со италијански регистарски ознаки, за кое се сомнева дека илегално влегло во Словенија, за да пренесе мигранти, по што возачот забрзал и побегнал, објави РТЛ.
Возилото подоцна излетало од патот, удрило во ѕид и се превртело.
Во тоа време, еден од деветте Пакистанци, колку што имало во возилото, починал на местото на несреќата, додека петмина од нив биле пренесени во болница.
Возачот и совозачот побегнале од местото на несреќата по судирот, но подоцна биле откриени и уапсени.