Свет

Запленети 4 тони кокаин во пристаниште во Ротердам, пратката е вредна 300 милиони евра

Цариниците заплениле 4.022 килограми кокаин во пристаништето во Ротердам, чија улична вредност е повеќе од 300 милиони евра, објавија денеска холандските власти.

Во соопштението се наведува дека дрогата била пронајдена во контејнер на брод од Суринам.

Државното обвинителство објави дека ова е најголемата количина на наркотици запленета во Ротердам досега.

Контејнерот бил наменет за компанија во Полска.

На почеток