Еден човек е во домашен притвор во Русија, откако го истепа докторот кој ја прегледал неговата сопруга и и дал комплимент. Жената која носела џихаб, кажала дека дерматологот ја нарекол нејзината кожа „убава“.
Инцидентот се случил на 21 септември во Нижневартовск, Сибир.
Според докторот, Владимир Жирноклеев, тој побарал од жената да му ги покаже нејзините лајкти, стоматок и грбот, но не побарал од неа да се соблече. Штом прегледот завршил, тој заклучил дека нема потреба за загриженост и и рекол дека „кожата е убава“.
Откако жената ја напуштила ординацијата на докторот, му се пожалила на својот сопруг дека прегледот не бил во согласност со „муслиманското право“.
„Јас сум сигурен дека докторот и дал комплимент за време на прегледот, што не е примерно според моите принципи“, рекол сопругот Бакхридин Азимов, кој е 29-годишен Таџикистанец.
„Ако сте доктор, работете ја вашата работа. Дополнителни комплименти и прашања се надвор од описот на вашата работа како доктор“, додава тој.
Сепак, според докторот, тој не направил ништо погрешно и дал позитивна оценка, по прегледот на жената.
„Муслиманите треба да ги решат овие прашања веднаш со менаџментот, смирено и конструктивно“, вели Жирноклеев, додавајќи дека „Влетување во докторска ординација без најава и кршење на неговиот нос е морално и правно лудачки“.
„Јас сум возрасен, и имам образование, искуство и сепак живеам во држава владеена од правото. Луѓето треба да го почитуваат правото и да ги следат правилата“, вели докторот.
„И реков: Добро сте, вашата кожа е убава“, вели тој, а таа го прекинала велејќи „Не ми давајте никакви комплименти“.
Видетото можете да го погледнете тука