Данела Арсовска, кандидатка за Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека јавниот превоз е еден од најголемите проблеми на скопјани. Таа има решенија за кои кажа дека се премногу скапи, но ќе го решат големиот проблем. Смета дека нема доволно автобуси, нема доволна фреквенција, градските улици немаат капацитет и има сообраќаен хаос.
„Секојдневно слушам од граѓаните за нивните проблеми. Тие се жалат дека овој јавен превоз кој функционира не е доволно функционален. Се жалат на обемот кој го има јавниот превоз. Голем дел од станиците и постојките се недоволни за да се стигне до дестинациите каде што треба, односно периферијата на градот. Граѓаните најмногу се жалат на тоа како изгледаат автобусите. Никој не сака да размислува како треба да изгледа јавниот превоз. Немаме време за чекање на утопистички проекти. Треба брзи и реални решенија кои брзо ќе се имплементираат“, рече Арсовска.
Таа најави 250 нови еколошки автобуси, кои би биле поевтини од проектите на Петре Шилегов.
„Овој проект ќе значи дека загадувањето ќе е нула, сигурен и побрз транспорт, нема да се губи зеленилото во градот, нема поместување на мостови, туку практично и брзо решение“, рече Арсовска.