Антикорупциска најави дека ќе побара одговорност за двајцата министри кои во работно време и со службено возило отидоа до партиското седиште да одржат прес конференција. Министерот за животна средина Насер Нуредини а претходно и министерот за надворешни работи Бујар Османи наместо да ја вршат својата работа како министри тие ја промовираа изборната агенда на ДУИ. ТВ 21 го праша министерот Нуредини дали злоупотребува државни ресурси за партиски цели.
„Најнапред ќе се обидеме да ги добиеме нивните изјави дека да, навистина возилото е користено за партиски активности во време на изборниот процес и доколку е така како што имавме и во претходните изборни циклуси примери ќе испратиме до Владата иницијатива за поведување одговорност на функционери кои што го злоупотребиле односно го користеле службеното возило за партиски цели“, истакна Билјана Ивановска.
До Антикорупциска има стигнато и пријава на злоупотреба на службена положба односно користење на службено гориво во приватни автомобили, а членовите на комисијата упатуваат и на тоа што постојано има скриен начин на водење предизборна кампања. Сепак се жалат дека за тоа нема санкции.