Скопје

Котлар Трајкова: Во мојот мандат ќе се ревидираат сите ДУП-ови

„Колку што ми е познато мене од 31 ДУП, само четири се ревидирани. Постоеше една амбициозна да речам програма која што требаше да биде во насока на оној термин – мораториум меѓутоа бидејќи тоа не е уставно одеа како што одеа работите. Мислам дека треба да се ревидираат сите ДУП-ови , мислам дека последниот што го прочитав податок беа 22 ДУП-а и 11 елаборати во однос на ситуацијата со Холидеј Ин. Мислам дека овдека треба да се интервенира, за тоа што проблемите кај нас се и во Законот за градежништво и Законот за урбанистичко планирање, значи сите аномалии ни се во тоа“, истакна Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Котлар Трајкова додаде дека сериозно во тоа треба да се интервенира, барем како локална самоуправа што преставува како јавен интерес и до каде можат да се однесуваат некои нешта.

„Наводно Општината изготви 11 елаборати, меѓутоа добија одговор од страна на министерството дека тоа не се прифаќа и се даде пас да се градат тие две станбени згради од 20 ката и една деловна од 16 ката. Меѓутоа тоа е една играрија, бидејќи знаеме дека можеби е намерна грешка, наместо да се повикаат на определен член во одбраната на тие ДУП-ови одеа по погрешен член 35. Колку што знам и ДКСК во врска со овој проблем веќе поднесе иницијатива до ЈО. Ќе ве молам јавен интерес мора да биде и фактот дека некој девет пати ви го зголемува бројот на населението на определен простор и тоа создава проблеми во инфраструктурата, образовна, социјална“, рече Котлар Трајкова додека Горан Герасимовски од СДСМ бранеше натамошна бетонизација на Центар.

Котлар Трајкова посочи дека таа разликува јавен интерес од личен интерес на поединци.

„Се додека не се постави неопходниот баланс во однос и на територија и на населеноста, и на градбата ќе имаме многу ригорозен однос кон понатамошно градење. Може да се гради само во Маџир маало и во Крњево“, појасни Котлар Трајкова.

На почеток