Македонија

Без камери дојде, а така и си отиде, преку „Твитер“ Вархеј и Заев кажаа што имаа

Посетата на еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји на Скопје мина во молк, далеку од очите на јавноста и медиумите и без официјални најави за активностите.

„Западен Балкан е главен приоритет за Европската Комисија. Иднината на регионот е во Европската унија. Разговаравме како да го унапредиме проширувањето со отварање пристапни преговори за Македонија и Албанија, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по средбата со премиерот Зоран Заев во Скопје.

Освен ова, нема никакво соопштение по разговорите.

Со твит по средбата се огласи и премиерот Зоран Заев, кој напиша дека една од темите на разговор со Вархеји, беа и подготовките за претстојниот самит за Западен Балкан во Словенија, следната недела.

„Европскиот пат е важен за двете страни. За Македонија и за Европската унија. Посветени сме на тој процес“, напиша Заев на Твитер.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, вчера престојуваше во Скопје и рече дека целта е С. Македонија и Албанија да започнат преговори за членство пред крајот на годинава.

На почеток