Почитувани граѓани, жителки и жители на Босилово, До мене е Зоран Зимбаков нашиот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на Босилово. Зимбаков е најдобрата понуда за вашата општина, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Зимбаков во овие четири години покажа како се работи чесно, одговорно и посветено за своите сограѓани за својата општина, се докажа како успешен менаџер во водењето на општината и тоа ќе продолжи да го прави и во следните четири години.
Зимбаков е чесен, угледен, одговорен човек кој не бега од предизвици, кој го слуша вашиот глас и заедно со вас ги решава проблемите.
Помеѓу градоначалникот и граѓаните не смее да има никакви пречки, туку редовна директна и двострана комуникација за брзо решавање на предизвиците. Тоа Зоран го покажа во овие четири години, а ќе го покаже и во следниот.
Заедно со него се обврзуваме, овде во Босилово да воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, а на иницијативите кои ќе дојдат од граѓаните да бидат одговорени во рок од 10 дена.
Така работат одговорни посветени градоначалници, така работи СДСМ, секогаш со и за народот.
Затоа Најдоброто е препознаено од граѓаните, затоа победуваме овде во Босилово, затоа победуваме во општините низ целата држава“, вели Заев.