Коментари

Јоци за Шилегов: Кој малер е човеков, ем за градот ем за себе, а е среде скандал

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави постер од настанот кој беше организиран во близина на Зелениково. На фотографијата може да се забележи дека покрај постерот стои бел лист на кој пишува „поддржно од Град Скопје“.

„Не знаел #Шилегов ништо за кампов. Ви викам јас малер е човеков. Ем за градов, ем за себе. На три недели до избори, Шилегов е среде скандал преку проект – во чии рамки малолетници биле сексуално вознемирувани, а за кои допрва ќе се утврдува дали биле евентуално и сексуално злоупотребени.
Никој ништо не знае сега, сите бегаат од одговорност, откако испливаа психопати во јавност кои малтретирале деца, секташки сексуални ,,гуруа” од типот на Чарлс Менсон.
Но, ете, во канцелариите на извидничкиот одред, јасно е обесен постер, на кој со лого си пишува – ,,поддржано од Град Скопје”.
Не знаеле ништо ни од Х.Е.Р.А.
И тие не биле одавде.
Тоа е истата Х.Е.Р.А каде програмски координатор беше Мила Царовска, пред да влезе во влада и во политика“, стои во објавата на Фејсбук.

На почеток