Коронавирус

Најмногу несакани последици од вакцината на „Астра зенека“ во Австрија

Во Австрија најчести несакани ефекти предизвикала вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, а најмалку нус појави биле забележани по вакцината на „Бионтек/ Фајзер“, покажал Извештајот на државната канцеларија за здравствена безбедност.

Несаканите ефекти на „Астра зенека“ биле регистрирани во 12,3 проценти, а на Бионтек/Фајзер во 2,27 проценти од случаите. За вакцините на „Модерна“ овој процент е 3,49 и 5,55 проценти за „Џонсон и Џонсон“.

Извештајот за несакани ефекти се базира на 10,7 милиони вакцинирани од крајот на декември 2020 година до крајот на септември оваа година.

Притоа во Извештајот се посочува дека ова не се сериозни несакани ефекти.

Според надлежните, 53 проценти од несаканите ефекти биле црвенило околу местото на инјектирање, главоболка и замор.

Властите, исто така, објавија 177 смртни случаи по вакцинацијата, од кои само во два случаи е откриена точна врска со вакцината.

Точната причина за смртта се уште не е утврдена кај 117-те смртни случаи, се вели во извештајот.

На почеток