Актуелно

Митинзите ќе влијаат за влошување на состојбата со Ковид-19, смета Мехмедовиќ

Бројот на позитивни случаи на Ковид-19 периодов е намален, но не и смртните случаи. Намалувањето на дневните температурите и собирите на отворено ќе влијаат негативно врз епидемиолошката состојба, вели лекарот Злате Мехмедовиќ за тв21.

Како што вели, нѐ очекува тешка есен и зима кога станува збор за коронавирус, бидејќи, како што објаснува, делта сојот е попренослив и повирулентен.

Со песимизам, Мехмедовиќ констатира дека без да се постигне колективен имунитет, нема да има спас од новите соеви на вирусот кои би можеле да пристигнат во нашата земја. Тој нема големи надежи дека наскоро би можеле да означиме крај на пандемијата.

За влошување на состојбата ќе влијаат и митинзите кои се одржуваат поради предизборната кампања, смета Мехмедовиќ.

На почеток