Свет

(ВИДЕО) Тинејџери фрлале петарди во трговски центар, луѓето бегале мислејќи дека е терористички напад

Германската полиција уапсила четворица тинејџери поради кои стотина лица во паника излегле од трговски центар во Дортмунд. Стампедото во кое се повредени седум лица настанало кога тинејџерите започнале со фрлање на петарди во холот.

Трговскиот центар кој се наоѓа во центарот на градот бил преполн кога започнале да фрлаат петарди.

Стотина луѓе во паника и страв од потенцијален терористички напад почнале да бегаат.

Полицијата во Дортмунд потврди дека седум лица се повредени во инцидентот, а дека четворица тинејџери на возраст од 15 и 16 години се уапсени.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток