Актуелно

Додик пцуеше на состанокот со Ескобар: Ми се „е..“ за вашите санкции и закани

Членот на претедателството на БиХ, Милорад Додик му возврати на груб начин на специјалниот пратеник на американскиот претседател Џо Бајден, Габриел Ескобар.

-Сакам да ви кажам дека видов едно некоректно постапување на Американската амбасада во Сараево која издаде соопштение по мојот разговор со господинот Ескобар. Јас не бев подготвен да излезам во јавноста со детали од тој разговор, но имајќи предвид дека тие одлучија да го кажат само тоа што тие го кажале, а поврзано со некои закани за санкции, рече Додик и го покажа стенограмот од вчерашниот состанок.

Ескобар: Морам да соопштам дека нови санкции кон Балканот се предвидени за оние кои опструираат политички, но и кон тие кои имаат корист од тоа.

Додик: Ми се е.. за санкциите. Тоа веќе го знам. Ако сакаш со мене да разговараш немој да ми се закануваш.

Ескобар: Тоа не е закана, туку факт.

Додик: Што и да правите, тоа си е ваша работа, но да се вратиме малку на оваа приказна за реториката. Ова го слушам 20 години, овде се обидувате да направите послушни луѓе кои само треба да го зборуваат тоа што вам ви одговара, а во суштина сето ова што денеска го говорите дека е проблем во БиХ-тоа вие го направивте, тоа се вашите погрешни политики, не се наши.

На почеток