Почитувани соседи, еден од најсериозните проблеми за кои постојани ни укажуваат жителите на општината Ѓорче Петров е сообраќајниот хаос, вели Александар Стојкоски кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров.
„Во моментов се наоѓам во населбата „Даме Груев“ на крајот од улицата „Лука Геров“. Во мојата изборна програма во соработка со Градот Скопје, предвидено е решение за деценискиот проблем којшто го имаат жителите на овој дел од општината.
Предвидено е продолжување на улицата „Лука Геров“, од населбата „Даме Груев“ кон Стопански двор, со што ќе се избегне сообраќајниот хаос, што во моментов го трпат жителите на населените места „Ново Село“ и „Кисела Јабука“.
Во урбаниот дел од општината предвидена е изградба на два нови кружни текови. Од којшто првиот на влезот од општината Ѓорче Петров, односно на влезот во градот Скопје, и вториот кружен тек помеѓу булеварот „Македонска војска“ и улицата „Ѓорче Петров“, вели тој.