На 01.10.2021 во 22.40 часот во близина на наплатна станица на автопат Велес – Градско од полициски службеници од СВР Велес е приведен Ј.Р.(44) од Гостивар, кој се барал со потерница од Основен суд Гостивар за издржување на казна затвор од две години за извршено кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл.236 ст.1 од Кривичен законик.
Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.