Свет

Земјотрес од 7,2 степени во Тихи Океан, нема предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на пацифичкиот остров Вануату рано утрово, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот бил на длабочина од 531 километар, додаде ЕМСЦ.

Нема информации за можна штета или повредени, објави Ројтерс.

Американскиот систем за предупредување од цунами не издаде предупредување по земјотресот.

На почеток