Алжир го повика на консултации со својот амбасадор во Франција, објави претседателството во саботата, без да ја наведе причината за овој потег.
Претседателството наведе дека подоцна ќе излезат со официјални информации, објави Ројтерс.
Алжирската влада во четвртокот објави дека го поканила францускиот амбасадор во Алжир на разговори, откако Париз одлучи да го намали бројот на визи издадени за државјани на Алжир и други земји во регионот Магреб во Северна Африка, потсетува британската агенција.
Алжирското Министерство за надворешни работи го оцени овој потег како „еднострана одлука на француската влада“, за кој Франција рече дека е одговор на одбивањето на владата во Магреб да ги врати илегалните мигранти испратени дома од Париз.