Петре Шилегов со години го финансирал секс кампот каде се трауматизирани малолетни деца. Вчера објавивме документ – информација испратена до директорите на средните училишта на Град Скопје од кој се гледа дека и во 2021 година Шилегов го финансирал секс кампот, велат до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Според досега достапните информации. Шилегов го финансирал скандалозниот проект најмалку 2 години.
Залудни се обидите на Шилегов да се отргне од одговорност. Од документот кој вчера го објавивме се гледа дека од страна на Град Скопје е испратена информација до директорите на средните училишта на Град Скопје за тоа кои проекти се избрани на јавен повик и финансиски и поддржани од Град Скопје. Во тој документ јасно е наведено дека проектите се насочени кон остварување на програмските цели на Град Скопје во областа на образованието.
Шилегов знаел или морал да знае за проектот. Шилегов сноси морална и политичка одговорност за овој скандал.
Со пари на скопјани е финансиран проект со кој се нанесени тешки психолошки трауми врз десетици малолетни деца.
Шилегов е директно виновен за психичките лузни врз десетици малолетни деца“, се вели во соопштението.