Маж на 68 годишна воздраст со иницијали В.Ш., од с. Бучин, Крушево и жена на 68 годишна возраст со иницијали К.К. од Кочани се идентификуваните жртви во сообраќајната несреќа што се случи рано утров во близина на Лесковац.
„На двете лица им бил утврден идентитетот од личните документи. Кај третата жртва не се пронајдени документи и за сега немаме потврда за нејзиниот идентитет. Надлежните служби работат на идентификација и на повредените, во тек е постапката. Четворица патници со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш“, информираат од МНР
Во несреќата беа повредени вкупно 32 патници, од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац, а 4 се на хирургија. На повредените и патниците од автобусот, кои ќе имаат потреба од преноќување, српските власти ќе им обезбедат сместување.