“ОЈО што правите во врска со Викиликс материјалите дека Димитров бил американски шпиун”, е прашањето што професорката Тања Каракамишева го поставува до Јавното обвинителство откако вчера организацијата Викиликс објави дека министерот бил заштитен извор на американската амбасада во Скопје?
„ОЈО што правите во врска со Викиликс материјалите дека Димитров бил американски шпиун? По кој член од КЗ ќе го водите случајот, по чл.316 Шпионажа каде е предвидена казна затвор од најмалку 4 па до 10 г. или по чл.317 Оддавање државна тајна каде затворот е од 1 до 10г.?“, напиша професорката Тања Каракамишева на својот профил на Твитер.