Единствена Македонија и македонскиот народ се шокирани и силно вознемирени од информацијата на „Викилис“ дека министерот за надворешни работи Никола Димитров е кодошот кој шпионирал за американската ЦИА, велат од Единствена Македонија.
„Според „Викилис„ Никола Димитров неовластено на странска шпионска организација предавал податоци за преговорите за името кои биле државна тајна во времето кога Димитров бил македонски преговарач во грчко-македонскиот проблем со името.
Јавноста очекува одговор од Зоран Заев на прашањето дали Никола Димитров е кодошот кој шпионирал за ЦИА во врска со светото македонско име како прашање од највисок национален и државен интерес“, се наведува во соопштението.