Македонија

Заев сака да дочека претседател на држава да е Албанец

На новинарско прашање околу најавениот предизвик од страна на лидерот на ДУИ Али Ахмети за нареден претседател на државата Албанец, премиерот Зоран Заев вели дека ќе го чека моментот кога граѓаните ќе бидат подготвени да изберат не Македонец во оваа земја.

„Овде сите сме родени, татковци дедовци ни се родени и иднината ќе ни биде заедничка. Да потенцирам дека претседател се бира на непосредни избори каде што гласаат граѓаните. Тоа не се договара политички, партиски. Тоа е невозможно“, истакна Заев.

Тој вели дека сака да го дочека тој момент.

На почеток