Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор, откако Апелацискиот суд му ја одби поднесената жалба замена на затворскиот со домашен притвор.
Камчев неколку пати бараше да му биде укинат притворот, за што нудеше и милионска гаранција. Но, засега останува во истражниот затвор „Скопје”, во кој влезе пред шест месеци. Ваквата одлука е донесена на 8 октомври, по барање на Обвинителството да се продолжи неговиот притвор за уште 30 дена.
Притворот му е одреден за случајот „Плацевите на Водно”.