Најмалку две лица загинаа кога авион „цесна 340“ се урна во предградие на Сан Диего во Јужна Калифорнија.
Се верува дека меѓу загинатите е и пилотот на авионот.
Малиот авион удрил во комбе, а возачот загинал.
Повредени се најмалку две лица, меѓу кои и една жена, која соседите ја извлекле низ прозорецот на куќата во која избувнал пожар по несреќата.
Авионот летал кон аеродромот „Монтгомери-Гибс“ кога се урнал, а непосредно пред падот контролорот го предупредил пилотот дека лета премногу ниско.