Македонија

Царовска убедува да се гласа за СДСМ

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска вечерва се сретна со жителите на Општина Прилеп и ги повика во недела да излезат и да гласаат за најдоброто за нивната општина, заокружувајќи го бројот 12.

„Нема подобра опција од тоа бројот 12 да е вашиот избор во недела. Гласајќи за Горан Сугарески и советничката листа на СДСМ и коалицијата, избирате слобода, демократија и просперитет“, рече Царовска.

Потпретседателката на СДСМ, истакна дека владеачката партија за овој исклучително краток период од 4 години успеа да инвестира во низа проекти и процеси со кои се модернизира и унапредува образованието, детската и социјалната заштита.

Во Општина Прилеп и нејзините населени места завршени се, или се во тек реконструкции, изградби и санации на речиси сите училишни објекти. Завршена е санацијата на електрична инсталација во ОУ „Блаже Конески“,реновирање на санитарни јазли во СОУ „Орде Чопела“. Во тек е реконструкција на СОУ ,,Мирче Ацев’’ и уште многу други инвестиции во детски градинки. При крај е изградба и на нова спортска сала, а во план е и реконструкција на студенсткиот дом во Прилеп.

Продолжуваме и во следните 4 години да градиме по план и да вложуваме во проекти и процеси важни за децата и за младите.

На почеток