Македонија

Лажен таксист од Скопје доби пријава, фатен како превезувал лица од Куба без лиценца

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, реадмисија и странци Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.П.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”, предвидено и казниво по член 284-а од Кривичниот законик.

На 22.09.2021 околу 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија на влезот во Гевгелија извршиле контрола на патничко  возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, со натпис „такси“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека Д.П. не поседува лиценца за вршење на авто-такси превоз и сертификат за авто-такси возач, а во возилото биле затекнати три лица од Куба.

На почеток