Македонија

Со лажен профил од сопругата на Пендаровски, се краделе податоци од граѓани!

Лажен профил е отворен со името и фотографии од првата дама Елизабета Ѓоргиевска, преку кој се собирале податоци од граѓани, меѓу кои и кредитни картички, дознава „А1он“. Профилот е на социјалната мрежа „Фејсбук“ и е отворен пред 13 часот. За него е искористено презимето од претседателот Стево Пендаровски, па е именуван како „Елизабета Пендаровска“, а користени се и нивни заеднички фотографии, споделувани се објави од официјалната страница на претседателот. Случајот е пријавен и во Секторот за компјутерски криминал при МВР.

Последната во десетиците објави на лажниот профил е насловена како „донации“. Преку неа, се повикуваат сите кои го следат профилот да напишат нивно име и презиме, за потоа 100 лица да добијат по 5.000 евра. Под оваа објава има над 1.500 коментари, како и 672 споделувања. Подолу, корисникот на лажниот профил оставил и линк преку кој дополнително собирал информации, меѓу кои и кредитните картички.

Првата дама, Елизабета Ѓоргиевска, кажа дека случајот го пријавила во полиција.

На почеток