Актуелно

Трагедија во Босна: Два авотмобила удрија во дете, возачите избегаа

Во босанскиот град Бијељина се случи страотна сообраќајна несреќа каде 14-годишно дете загинало откако прво го удрил еден, а потоа врз него налетал уште еден автомобил, во моментите кога мајката и таткото на детето се обидувале да му помогнат.

И двајцата возачи избегале од местото на несреќата, а детето кога го однеле во болница веќе било починато.

Полицијата вечерта ги блокирала сите улици, при што прво е откриен возачот на „голф“, Перо Деспотовиќ(67), кој налетал на тројцата членови на семејството. По извршениот алкотест е утврдено дека бил пијан. Полицијата денеска го уапсила и Далибор Спасојевиќ, за кого е утврдено дека со „ауди“ го прегазил детето во непосредна близина на нивната куќа.

Додека мајката и таткото грчевито се обидувале да му пружат помош на момчето, со голема брзина налетал Деспотовиќ со „голфот“ и ги удрил сите тројца членови на семејството. Родителите на детето се надвор од животна опасност, но имаат скршеници на рацете и нозете

На почеток