Актуелно

СДСМ бара одговорност за активистите кои вчера беа нападнати во Карпош

Денеска пратеничката Марија Георгиевска од редовите на СДСМ даде изјава за медиумите по повод синоќешниот напад на активистите на СДСМ кои делеа флаери во Општина Карпош од страна на криминална вооружена група.

„Одговорност ќе има, очекуваме брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.

Синоќа овдека во Влае остатоците од режимот го покажаа своето вистинско, насилничко и криминогено лице. Активисти на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата овде пред кафулето Кино Влае беа нападнати од криминална вооружена група, пришто еден наш активист е пресечен со нож, а друг има скршена аркада.

Дали е причина за ваквиот крвнички напад овој флаер почитувани граѓани, на кој е објаснета вистината за оваа локација, односно изградбата на зграда од 16 ката на местото на Кино Влае?

Нападот е пријавен во полиција и веќе е составен записник по што очекуваме и брза разрешница и најстрога санкција за напаѓачите.

Почитувани граѓани,

Ваквото насилство е одраз на страв и паника од убедливиот пораз што ги очекува нашите политички опоненти овдека во Карпош во недела.

На 31 октомври во недела да се обединиме за Карпош да продолжи да се модернизира, да се развива по европски терк. Да не дозволиме подземјето насилниците и урбаната мафија да владеат во Карпош“, вели Георгиевска.

На почеток