48,88 отосто од гласачите излегле на гласање односно над 555 илјади гласачи. Во Кочани, Росоман, Демир Капинија има над 80 отсто излезност. Најмала излезност е во Сарај до 18:30 часот.
„Имавме успешен и мирен гласачки ден“, рече Александар Даштевски.
Претходно, до 17 часот 42,85 проценти од гласачите излегоа
- на гласање. Најмногу има во Вевчани, Конче, Ранковце, Пробиштип, Печхево, Дебар и други. Срај и Шуто Оризари имаат најмала излезност.
„Сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.
Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.