Македонија

Оставката на Заев е оставка и за целата Влада, која е процедурата

Оставката на премиерот Зоран Заев од функцијата повлекува оставка и на целата Влада односно министрите во неа. Ова го предвидува членот 93 од Уставот на Македонија. Таму стои: „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајна спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата“. Според овие одредби од Уставот, освен избор на нов премиер, треба да се бира и нова Влада, од страна на мнозинството во Собранието.

Бидејќи премиерот Заев кажа дека нема да има предвремени парламентарни избори, тоа значи дека новата Влада ќе се крои според гласањето во Собранието. Односно, мнозинството пратеници ќе ја состави новата Влада.

Инаку, премиерот Зоран Заев ја поднесе оставката од премиерската и претседателската функција во СДСМ, поради, како што рече, лошите изборни резултати кои ги постигнале кандидатите на локалните избори. Ова од него го бараше и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Четири можни сценарија по оставката на Заев, а со тоа и на целата Влада

На почеток